Лечиќ: Среќен сум што се споивме од Словенија до Грција

Легендата на македонската кошарка, Лазар Лечиќ денеска на едно место ја собра кошаркарската елита на Свечена академија по повод неговиот 80. роденден.

На настанот во хотелот „Александар палас", во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и двата клуба во кои тој работел, Работнички и МЗТ Скопје, денеска беа присутни имиња како Дино Раѓа, Душан Ивковиќ, Дејан Томашевиќ, Панајотис Јанакис, Божидар Маљковиќ, Мирко Новосел, Богдан Тањевиќ и многу други, кои дојдоа да му оддадат почит.

Популарниот Грк беше обземен со емоции и само накратко се заблагодари на присутните и организаторите на овој голем настан.

– Среќен сум што се споивме од Словенија до Грција. Фала ви на сите за укажаната чест, на МОК, МЗТ Скопје и Работнички, КФМ, до сите вас кои дојдовте да бидете дел од оваа церемонија. Голема благодарност до сите. И фала, фала, фала Ве сакам сите, сподели кратко Лечиќ, добивајќи силен аплауз од присутните.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе