Се случи еден необичен момент во салата

Леброн за Коби: Кога видов на семафорот дека резултатот е 24:8, си реков, тој е тука во салата

Леброн Џејмс ноќеска го предводеше Лејкерс до победа над Портланд. Мечот беше во чест на Коби Брајант поради датумот на кој се играше, а се случи и еден интересен момент. 

Коби Брајант во текот на својата кариера во Лејкерс ги носеше броевите 24 и 8. Синоќа беше 24-ти 8-ми, па мечот против Портланд му беше посветен нему.
 
Се случи и еден необичен, неочекуван момент, Лејкерс во еден момент имаше водство од 24-8, на семафорот осамнаа токму бројките на Коби.
„Кога погледнав и видов дека резултатот е 24-8, си реков, во ред, тој е тука во салата“, вели Леброн Џејмс.
 
„Горд сум со мојот тим, на начинот на кој одигравме. Се чувствувам благословено и чест ми е што продолжуваме да се сеќаваме на Коби Брајант и Џиџи Брајант, како и на сите луѓе што беа дел од тој трагичен инцидент“.
 
Кошаркарите на Лејкерс на овој натпревар носеа црни дресови со жолто, специјални „Блек Мамба“ дресови во чест на роденденот на Коби Брајант кој беше во неделата. 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе