НБА

Леброн со трипл-дабл му покажа на Зајон кој е крал во НБА, Јокиќ го урна шампионот (ВИДЕО)

Леброн Џејмс со трипл-дабл учинок го предводеше ЛА Лејкерс до триумф над младиот Зајон Вилијамсон и Њу Орлеанс, Никола Јокиќ исто така со трипл-дабл помогна Денвер да слави против шампионот Торонто.

Утрово во НБА, Леброн Џејмс по втор пат се сретна со Зајон Вилијамсон, кошаркарот кој се најавува како негов наследник. Младата ѕвезда на Њу Орлеанс пружи одлична партија, реализираше дури 35 поени.

Сепак, Леброн Џејмс покажа зошто во моментов е крал, постигна трипл-дабл учинок со 34 поени, 12 скокови и 13 асистенции и го предводеше ЛА Лејкерс до триумф од 114-122 во „Смути Кинг Центар“.

Во Денвер, домаќините предводени од Никола Јокиќ го урнаа Шампионот Торонто со 133-118. Србинот мечот го заврши со трипл-дабл учинок, реализираше 23 поени и придодаде 18 скокови и 11 асистенции.

НБА резултати:

Денвер - Торонто 133:118
Сакраменто - Детроит 106:100
Њу Орлеанс - ЛА Лејкерс 114:122
Голден Стејт - Вашингтон 110:124

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе