НБА

Леброн со 46 поени го предводеш Лејкерс до победа, Јокиќ го доби дуелот со Дончиќ (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 115:108 го победи Кливленд на негов терен, а Леброн Џејмс беше херојот во овој триумф, интересен беше дуелот меѓу Дончиќ и Јокиќ кој го доби Денвер со 117:113. 

Леброн Џејмс со 46 поени беше убедливо најдобриот кошаркар на теренот во победата на Лејкерс над Кливленд од 115:108, учинокот го зачини и со осум скока и шест асистенции, Ентони Дејвис постигна 17 поени, имаше и десет скокови. Кај Кливленд најдобар беше Драмонд со 25 поени и десет скокови.
 
 
Денвер со 117:113 го победи Далас на негов терен. Лука Дончиќ имаше подобар учинок од Никола Јокиќ но Србинот имаше повеќе причини за задоволство поради победата на неговиот тим.
 
Дончиќ постигна трипл-дабл, реализираше 35 поени, имаше 16 асистенции и 11 скокови, Јокиќ мечот го заврши со 20 поени и десет скокови, најдобар кај Денвер беше Портер со 30 поени.
 
 
Резултати:
 
Детроит - Филаделфија 119:104
Индијана - Торонто 129:114
Орландо - Шарлот 117:108
Бруклин - Мајами 98:85
Кливленд - ЛА Лејкерс 108:115
Далас - Денвер 113:117
Чикаго - Бостон 103:119
Голден стејт - Минесота 130:108
Портланд - Оклахома 122:125

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе