Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа главни во победата на Лејкерс. Дејвис постигна 25 поени имаше и 15 скокови, Леброн реализираше 21 поен и имаше осум скокови. Најдобар кошаркар кај Сан Антонио беше Џонс со 19 поени.
Гостински триумф забележа и Денвер кој славеше кај Лос Анџелес клиперс со 114-104. Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок со 19 поени и 13 скокови, најефикасен кај Денвер беше Гордон со 29 поени, Мареј постигна 21. За Клиперс, Вол реализираше 23 поени.
Резултати:
Шарлот - Минесота 110:108
Орландо - Филаделфија 99:107
Њујорк - Портланд 129:132
Бостон - Сакраменто 122:104
Хјустон - Атланта 128:122
Индијана - Бруклин 128:117
Мајами - Вашингтон 110:107
Милвоки - Кливленд 117:102
Оклахома - Чикаго 123:119
Сан Антонио - Лејкерс 94:105
Феникс - Детроит 108:102
Голден стејт - Јута 129:118
ЛА Клиперс - Денвер 104:114