НБА

Леброн се врати, Лејкерс ја победија Индијана и до последното коло ќе се борат за директен влез во плејофот (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 122-115 победи на гостувањето кај Индијана, шампионот се уште не обезбедил директен пласман во плејофот, а до крајот на регуларнот дел останува уште еден меч. 

Сите екипи во НБА имаат одиграно по 71 натпревар им останува уште еден меч до крајот на регуларниот дел.
 
Единствено непознато останува кои две екипи од Далас, Лејкерс и Портланд ќе одат директно во плејофот, а која ќе треба да помине и разгирување за да дојде до тоа место.
 
Лејкерс синоќа ја победи Индијана со 122-115 и сега има ист број на победи како и Портланд, Далас е во најповолна положба со победа повеќе од двата ривали.

Во составот на Лејкерс се врати и Леброн Џејмс кој синоќа постигна 24 поени, најефикасен беше Ентони Дејвис со 28 поени и 10 скоков, кај Индијана Леверт постигна 28 поени.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Чикаго 105:91
Индијана - ЛА Лејкерс 115:122
Њујорк - Шарлот 118:109
Минесота - Бостон 108:124
Сан Антонио - Феникс 103:140
Милвоки - Мајами 122:108

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе