НБА

Леброн имаше моќна партија, но Лејкерс загуби од Бруклин, Голден стејт подобар од Феникс (ВИДЕО)

39. поени на Леброн Џејмс не беа доволни за Лејкерс да го победи Бруклин, загубија со 115:122, Голден стејт со 116-107 го совлада Феникс. 

На првиот натпревар во „Крипто ком“ арената како што отсега ќе се вика Стејплс центар, Лос Анџелес Лејкерс беше поразен од Бруклин.
 
На крајот од третата четвртина Бруклин имаше 20 поени разлика, а на почетокот од последниот период поведе и со 107-84. Но следуваше луда серија на Лејкерс по која го изедначија резултатот на 115-115.
 
Но откако стигнаа до изедначувањето на 115 поени и останаа, Бруклин постигна уште седум до крајот на мечот и победи со 122-115.
 
Леброн Џејмс беше најефикасен на теренот со 39 поени, Џејмс Харден беше лидер во победата на Бруклин со трипл-дабл, 36 поени и по 10 скока и асистенции, одличен беше и Милс кој постигна 34 поени.
 
 
Во дуелот меѓу двата најдобри тима во лигата оваа сезона, Феникс и Голден стејт, гостите победија со 116-107. 
 
Стеф Кари со 33 поени беше најдобар во составот на Голден стејт, кај Феникс Крис Пол реализираше 21.
 
 
Резултати: 
 
Њујорк - Атланта 101:87
Милвоки - Бостон 117:113
Феникс - Голден стејт 107:116
ЛА Лејкерс - Бруклин 115:122
Јута - Далас 120:116

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе