НБА

Леброн и Јанис ги одбраа тимовите за Ол-стар мечот, паднаа неколку шеги и еден трејд (ВИДЕО)

Познати се тимовите за Ол-стар мечот во Шарлот, Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо утрово ги одредија составите на Западот и Истокот.

Ол-стар мечот од минатата година има нов формат, тимовите се одредуваат преку драфт, а оваа година изборот беше емитуван на ТВ. Леброн Џејмс како капитен на Западот и Јанис Адетокумбо како капитен на Истокот, ги „склопија“ составите.

Бидејќи доби најмногу гласови од фановите, Леброн прв бираше и исто како минатата година се реши за Кевин Дурант. Јанис одговори со избор на втората ѕвезда од редовите на Голден Стејт, Стеф Кари.

Џејмс во својот тим како стартери ги придодаде уште и Кајри Ирвинг, Кави Ленард и Џејмс Харден, додека пак Адетокумбо ги одбра Џоел Ембид, Пол Џорџ и Кемба Вокер.

Кога се бираа резервите, улогите беа променети и Јанис прв избра. Тој се реши за соиграчот од Милвоки, Крис Мидлтон, а Леброн веднаш побрза да го зграби Ентони Дејвис, па Адетокумбо не можеше да премолчи.

Ентони Дејвис овој месец побара трејд, ЛА Лејкерс сторија се што можат за да го донесат центарот во своите редови но Њу Орлеанс одби да ја испрати својата ѕвезда во редовите на „Езерџиите“. Со оглед на тоа дека самиот Леброн Џејмс неодамна изјави дека сака да игра покрај Ентони Дејвис, Јанис се пошегува и го обвини „Кралот“ дека користи нелегални техники.

На крајот од драфтот Леброн Џејмс беше тој што реши да се шегува, па дури успеа и да издејствува трејд.

„Со оглед на тоа дека ова е тој дел од годината, има чувство дека Јанис ќе сака да ги види Рас (Вестрбурк) и (Џоел) Ембид како соиграчи, бидејќи сите знаеме колку тие се сложуваат, па предлагам да го трејдувам Расел Вестбрук за Бен Симонс“ – истакна Џејмс со насмевкна на лицето (Вестбрук и Ембид не се во најдобри односи и неодамна имаа расправија на паркетот). Јанис во прв момент го побара и Двејн Вејд како дел од трејдот, но на сите им беше јесно дека Леброн нема да се откаже од својот другар, па на крајот Гркот го прифати предлогот на Џејмс.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе