НБА

Леброн и Дејвис во елемент, ЛА Лејкерс изедначи против Хјустон, Милвоки не дозволи „метла“ (ВИДЕО)

ЛЕ Лејкерс изедначи на 1-1 против Хјустон, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа во елемент па „езерџиите" славеа со 117:109, Милвоки не дозволи „метла" и со победа од 115:118 намали на 3-1 во пресметката со Мајами.

ЛА Лејкерс не дозволи Хјустон да се одлепи и експресно се врати во игра во полуфиналето на Западот. Утрово, „езерџиите“ славеа со 117:109 и изедначија на 1-1. Најзалужни за победата беа Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, кои заедно постигнаа 62 поени.

„Кралот“ беше на прагот на трипл-дабл учинок со 28 поени, 11 скокови и 9 асистенции, додека пак Дејвис мечот го заврши со дабл-дабл учинок и 34 поени и 10 скокови.

Хјустон со одлична трета четвртина (23:41) се врати во игра, но Џејмс Харден не можеше сам, Вестбрук имаше лоша партија со само 10 поени, па „ракетите“ на крајот мораа да се помират со пораз.

Милвоки не дозволи „метла“ и намали на 3-1 во пресметката со Мајами. Без својот прв играч, Јанис Адетокумбо, кој се повреди на стартот од втората четвртина, триумфираа со 115:118 во возбудлив меч и по едно продолжение.

Во отсуство на Гркот, Мидлтон со 36 поени беше прв играч на мечот.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе