НБА

Леброн го сруши Далас, Дончиќ се изнервира и го скина дресот! (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс без Ентони Дејвис лесно го победи Далас на негов терен со 129:114, Леброн Џејмс имаше моќна партија, Лука Дончиќ беше поразен од кралот. 

И покрај тоа што играа без Ентони Дејвис, а Леброн Џејмс беше неизвесен поради настинка но реши да игра, Лејкерс издоминираа во Далас.
 
Ја добија првата четвртина со фантастични 45:27, а до крајот на мечот не само што ја одржуваа предноста туку не му дадоа на Далас ниту да намали на едноцифрена негатива. 
 
 
Леброн Џејмс беше моќен, постигна 35 поени, имаше и 16 скокови и седум асистенции, Кузма реализираше 26. Најдобар кај Далас беше Лука Дончиќ со 25 поени и 10 скокови.
 
 
Лука Дончиќ во еден момент се изнервира од ситуацијата на теренот па го скина дресот. Словенецот можеби и не мислеше дека дресот ќе се скине, па како да беше збунет откако виде што направи.
 
 
Резултати:
 
Вашингтон - Атланта 111:101
Њујорк - Њу Орлеанс 111:123
Бруклин - Мајами 117:113
Чикаго - Индијана 105:116
Мемфис - Сан Антонио 134:121
Феникс - Орландо 98:94
Јута - Орландо 98:94
Далас - ЛА Лејкерс 114:129
Сакраменто - Милвоки 106:127
ЛА Клиперс - Голден стејт 109:100

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе