ЕП 2020

Леброн го предводеше Лејкерс до победа против „својот“ Кливленд (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја забележа деветата победа по ред откако на свој терен го совлада Кливленд со убедливи 128:99. 

Со одлична игра во второто полувреме Лејкерс дојде до убедливата победа над Кливленд. Во првиот дел мечот беше изедначен, домаќините на одморот заминаа со негатива од еден поен 47:48.
 
Но второто полувреме беше сосема поинакво, Лејкерс третата четвртина ја доби со 37:22, а во последниот период само го дотолчи противникот за на крајот да слави убедливо со 128:99.
 
Леброн Џејмс постигна 31 поен, имаше и осум асистенции, одлична партија имаше и Хауард со 21 поен и 15 скокови. Во составот на Кливленд, Лав реализираше 21 поен и 11 скокови.
 

 
 
Резултати:
 
Детроит - Њу Орлеанс 110:117
Индијана - Филаделфија 101:95
Бостон - Чикаго 113:101
Минесота - Оклахома 104:117
Портланд - Шарлот 115:112
Сакраменто - Орландо 112:114
ЛА Лејкерс - Кливленд 128:99

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе