НБА

Леброн „експлодираше“ но Бостон преживеа и поведе со 2-0 (ВИДЕО)

Бостон и по втор пат ја искористи предноста на домашен терен, утрово славеше над Кливленд со 107-94 и поведе со 2-0 во финалето на Истокот

Откако беше прилично тивок во натпреварот број 1 и реализираше само 15 поени, Леброн Џејмс утрово „експлодираше“. „Кралот“ мечот го заврши со трипл-дабл учинок од 42 поени, 10 скокови и 12 асистенции но Бостон преживеа и поведе со 2-0.

Леброн Џејмс во првото полувреме реализираше 24 поени, во овој период од мечот солидна поддршка имаше и од Лав и Корвер, па на пауза гостите заминаа со предност од +7 (48-55).

Но во продолжението од мечот останатите играчи на „Коњаницата“ не беа на потребното ниво, а Бостон со одлична тимска игра почнаа да ја топи предноста на противникот и до крајот на третата четвртина да креира позитива од седум поени.

Во последните 12 минути тие рутински ја одржуваа предноста за на крајот да се радуваа на триумф од 107-94.

Браун со 23 поени беше најдобар поединец во редовите на Бостон, Роузир реализираше 18 поени, Хофрд постигна 15 поени, а двоцифрени беа уште тројца кошаркари: Маркус Морис (12 поени), Смарт (11 поени), Тејтум (11 поени).

Покрај 42 поени на Леброн Џејмс, во тимот на Кливленд се истакна и Лав со 22 поени, а двоцифрен уште беше и Корвер со 11 поени.

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе