НБА

Леброн Џејмс со трипл-дабл го однесе Лејкерс во големото НБА финале (ВИДЕО)

Прв пат по десет години Лос Анџелес Лејкерс ќе игра во финалето откако со 117-107 го победи Денвер и со 4-1 го освои западот.  

Леброн Џејмс имаше маестрална партија во петтиот меч од финалето на западот. За него ова ќе биде деветто финале во последните десет сезони, а вкупно десетто финале.
 
Леброн постигна 38 поени, имаше 16 скокови и десет асистенции, Ентони Дејвис даде 27 поени. Во составот на Денвер, Јокиќ постигна 20, исто колку и Грант, Мареј имаше 19.
 
Лејкерс во финалето го чекаат подобриот од дуелот меѓу Мајами и Бостон, Хит води со 3-2.
 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе