НБА

Леброн Џејмс со доминантна партија го предводеше Кливленд до „брејк“ против Бостон (ВИДЕО)

Кливленд забележа победа во првиот натпревар од финалната серија на Истокот, „Коњаницата" со 104-117 триумфираше на гостувањето кај Бостон

Шампионот Кливленд направи брејк и поведе со 1-0 во финалето на Истокот откако утрво славеше во ТД Гарден.

Гостите, предводени од одличниот Леброн Џејмс, водеа од прва до последна минута.

Бостон немаше одговор за играта на противникот, и „Коњаницата“ во еден момент имаше предност од дури 28 поени.

Големата поситива придонесе кошаркарите на Кливленд да се опуштат во завршницата, па конечниот резултат на семафорт на крајот изнесуваше 104-117.

Леброн Џејмс вечерта ја заврши со 38 поени, 7 асистенции и 9 скокови, а одлична партија имаше и Кевин Лав со 32 поени.

Бедли и Кроудер со по 21 поен беа први стрелеци кај Бостон, а најдоброт играч на домаќините, Ајзеа Томас потфрли со само 17 поени.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе