Леброн Џејмс скршен од тага: Секогаш кога ќе се обидам нешто да напишам почнувам да плачам, те сакам Коби!

Леброн Џејмс не може да прифати дека веќе го нема Коби Брајант, тој е скршен и уништен од смртта на неговиот голем пријател. 

Леброн Џејмс е еден од последните кои со пост на социјалните мрежи изразија почит за Коби Брајант. Кралот едноставно е премногу погоден од смртта на својот голем пријател, тешко му било да напише било што.
 
„Не сум спремен но еве. Човеку седам тука обидувајќи се да напишам нешто за овој пост но секогаш кога ќе се обидам повторно почнувам да плачам само мислејќи на тебе, на Џиџи и пријателството/братството кое го имавме! Буквално само го слушнав твојот глас во неделата наутро пред да заминам од Фили и да се вратам во ЛА. Не можев ниту да замислам дека тоа би можело да биде нашит последен разговор. Скршен сум и уништен брате! Те сакам голем брату. Моето срце оди кон Ванеса и децата. Ти ветувам дека ќе го продолжам твоето наследство човеку! Ни значиш премногу на нас тука, особено на Лејерс нацијата и моја одговорност е да го ставам ова срање на мојот грб и да продолжам понатаму! Те молам дај ми ја силата од рајот и внимавај на мене! Имам уште многу што сакам да кажам но едноставно не можам бидејќи не можам да го прифатам ова! Додека не се сретнеме повторно брату!“, напиша Леброн.
 
 
 
 
View this post on Instagram

I’m Not Ready but here I go. Man I sitting here trying to write something for this post but every time I try I begin crying again just thinking about you, niece Gigi and the friendship/bond/brotherhood we had! I literally just heard your voice Sunday morning before I left Philly to head back to LA. Didn’t think for one bit in a million years that would be the last conversation we’d have. WTF!! I’m heartbroken and devastated my brother!! . Man I love you big bro. My heart goes to Vanessa and the kids. I promise you I’ll continue your legacy man! You mean so much to us all here especially #LakerNationand it’s my responsibility to put this shit on my back and keep it going!! Please give me the strength from the heavens above and watch over me! I got US here! There’s so much more I want to say but just can’t right now because I can’t get through it! Until we meet again my brother!! #Mamba4Life #Gigi4Life

A post shared by LeBron James (@kingjames) onJan 27, 2020 at 6:43pm PST

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе