Пред стартот на новата сезона во НБА, утрово во Лас Вегас се сретнаа двојниот шампион Голден Стејт и новиот ЛА Лејкерс предводен од Леброн Џејмс. Иако ѕвездите од двата тима немаа минутажа како во регуларниот дел од сезоната (Леброн одигра само едно полувреме, а Кари, Дурант и Томпсон три четвртини), двата тима приредија шоу и добар натпревар во кој на крајот „Езерџиите“ триумфираа со 123-113.
Со 17 минути поминати на паркетот, Леброн Џејмс забележа дабл-дабл учинок од 15 поени, 10 скокови и 5 асистенции. „Кралот“ имаше неколку убави потези, а ја крена публиката на нозе кога со звукот на сирената погоди шут од половина терен на крајот од втората четвртина.
Во редовите на Лејкерси по повредата се врати и Лонзо Бол, кој реализираше 7 поени а забележа и 4 скокови, 4 украдени тпки и 2 асистенции. Одлични перформансии имаше и младиот Брендон Инграм, кој постигна 26 поени од кои дури 18 во третата четвртина. Кајл Кузма исто така беше одличен со 22 поени зад своето име.
Во редовите на Голден Стејт, Стеф Кари беше најдобар поединец со 23 поени, Томпсон реализираше 20 поени а Дурант мечот го заврши со 18 поени.
Голден Стејт и ЛА Лејкерс ќе се сретна уште еднаш пред почетокот на сезоната, мечот се игра во Сан Хозе во сабота наутро.