Прогласена е вонредна состојба

Леброн Џејмс итно евакуиран од домот поради пожарите во Калифорнија: Се молам за сите семејства (ФОТО и ВИДЕО)

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс морал итно да го напушти својот дом и да го евакуира семејство поради пожарите кои беснеат во Калифорнија.

Големи пожари беснеат во Калифорнија поради кои беше прогласена и вонредна состојба. Рано утрово е издадена и наредба за итна евакуација откако избил нов пожар во околината на Брентвуд, а својот дом со семејството морал да го напушти и Леброн Џејмс.

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс се огласи на социјалните мрежи со неколку твитови, соопшти дека пожарот во близина на елитниот дел на Лос Анџелес „не е шега“ и дека е тешко да најде место каде да престојува, но и дека на крајот се снашол.

Тој исто така испрати порака до сите оние кои се погодени од пожарите: „Се молам за сите семејства од областа која може да биде погодена од овие пожари. Веднаш одете на безбедно“.

Веста брзо стана вирална на социјалните мрежи, и пожарот се прикажува во живо на неколку телевизии од САД.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе