НБА

ЛА Лејкерс заборави како изгледа да се победи Торонто, Ворен со рекордни 53 поени (ВИДЕО)

Кајл Лаури со 33 поени го предводеше Торонто до триумф од 107-92 над ЛА Лејкерс, ТиЏеј Ворен постигна рекорни 53 поени во победата на Индијана над Филаделфија од 127:121.

Актуелниот шампион покажа дека има амбиции за највисок пласман, „репторси“ утрово го совладаа ЛА Лејкерс со убедливи 107-92.

Натпреварот беше изедначен се до средината од последната четвртина, кога Леброн Џејмс се пресели на клупата а Торонто направи серија од 10-0 која се покажа како решавачка. 

Кајл Лаури беше прв играч на натпреварот со 33 поени а придодаде и 14 скока и 6 асистенции. Леброн Џејмс мечот го заврши со 20 поени, а скромен учинок имаше Ентони Дејвис со 14 погодоци. 

За Торонто, ова беше 11-та победа во низа над ЛА Лејкерс, „езерџиите“ не знаат за триумф над „репторси“ веќе шест години.

Индијана со 127-121 славеше над Филаделфија, мечот помина во знакот на ТиЏеј Ворен, кој постигна личен рекорд од 53 поени. Шутот одлично го служеше, погоди 20 од 29 обиди, и имаше и 9 од 12 ефект за три поени.

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе