НБА

ЛА Лејкерс конечно победија, Кари го предводеше Голден стејт до нов триумф (ВИДЕО)

Во третиот меч од новата сезона, Лос Анџелес Лејкерс израдуваа на првата победа откако со 121:118 го совладаа Мемфис, Голден стејт има три од три, Кари овојпат ги предводеше до триумф нанд Сакраменто. 

Ѕвездите на Лејкерс конечно почнаа да функционираат заедно, а резултат на тоа беше првата победа оваа сезона која не беше лесна. Благодарение на добрата последна четвртина го совладаа Мемфис со 121-118.
 
Најдобар на паркетот беше Морант од Мемфис со 40 поени и 10 скокови. Во составот на Лејкерс, Кармело Ентони постигна 28 поени, Дејвис имаше 22, Леброн 19, Вестбрук имаше 13 поени и 13 асистенции.
 
 
Голден стејт на крилјата на Стеф Кари го продолжи одличниот старт на сезоната, овој пат со 119-107 победија на гостувањето кај Сакраменто.
 
Кари беше лидер на тимот со 27 поени, 10 асистенции и седум скока, најдобар кај Сакраменто беше Барнс со 24 поени.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Шарлот 95:111
Хјустон - Бостон 97:107
Њујорк - Орландо 104:110
Оклахома - Филаделфија 103:115
Сакраменто - Голден стејт 107:119
ЛА Лејкерс - Мемфис 121:181

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе