Договорен голем трејд

ЛА Лејкерс конечно го договори Ентони Дејвис, Леброн порача: Ова е само почеток!

Медиумите од САД пренесуваат дека ЛА Лејкерс и Њу Орлеанс конечно договориле трампа во која Ентони Дејвис ќе му се придружи на Леброн Џејмс во „Градот на ангелите".

„Веѓата“ уште во јануари кажа дека сака да замине од Њу Орлеанс, ЛА Лејкерс пројави интерес, но тогашниот генерален менаџер на „пеликаните“, Дел Демпс одби да трампа својот најдобар играч.

Но Демпс потоа остана без својата работа, а неговиот наследник Дејвид Грифин превзеде разумен чекор бидејќи следното лето Њу Орлеанс може да остане со празни раце.

Според добро упатениот новинар Адриан Војнаровски, „пелинаките“ се сложиле да го испратат Ентони Дејвис во ЛА Лејкерс. За возврат ќе ги добијат Лонзо Бол, Брендон Инграм, Џош Харт како и три пика од првата рунда, помеѓу кои и пикот број 4 од драфтот во 2019.

По вестите за големиот трејд, се огласи Леброн Џејмс на социјалните мрежи пиша: „АД доаѓа!! Ајде брату! Ова е само почеток...“

„Езераџиите“ во својот селари-кап имаат простор за уште едно звучно име и се очекува ова лето да формираат фантастично трио со кое следната сезона ќе се борат за титулата. ЛА Лејкерс нема играно плеј-оф уште од 2012/13.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе