НБА

ЛА Лејкерс го доби дербито со Милвоки и по седум години обезбеди место во плеј-офот! (ВИДЕО)

Во дуел на двата најдобри тимови во НБА, ЛА Лејкерс славеше со 113-103 над Милвоки, „езерџиите" со овој триумф обезбедија прв плеј-оф настап по седум години пауза.

Утрово во НБА на програмата беше пресметката помеѓу првиот на Западот и првиот на Истокот, ЛА Лејкерс го пречека Милвоки. „Бакси“ подобро го отворија мечот, постојано беа во водство во првите две четвртини, но „езерџиите“ се изборија на пауза да заминат со ист број на поени.

Во продолжението од мечот, домаќините почнаа да диктираат темпо, Леброн Џејмс се разигра во третата четвртина, реализираше 14 поени а ЛА Лејкерс направи серија од 18-0 со која се одлепи на двоцифрена предност.

Гостите немаа одговор во последната четвртина, па ЛА Лејкерс на крајот славеше со 113-103 и со оваа победа обезбеди место во разигрувањето, односно прв плеј-оф настап по седум години.

Леброн Џејмс беше прв играч на мечот со 37 поени, 8 скокови и 8 асистенции. „Кралот“ имаше голема помош од Ентони Дејвис, кој натпреварот го заврши со 30 поени и 9 скокови. Најдобар поединец во редовите на Милвоки беше Јанис со дабл-дабл учинок од 32 поени и 11 скокови.

НБА резултати:

Вашингтон - Атланта 118:112
Бруклин - Сан Антонио 139:120
Њујорк - Оклахома 103:126
Бостон - Јута 94:99
Чикаго - Индијана 102:108
Минесота - Орналдо 118:132
Њу Орлеанс - Мајами 110:104
Далас - Мемфис 121:96
Феникс - Портланд 127:117
ЛА Лејкерс- Милвоки 113:103

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе