Ден на гостите во НБА

ЛА Клиперс убедливи против Голден стејт, Адетокумбо со трипл-дабл го сруши Хјустон (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс со убедливи 141:122 победи на гостувањето кај Голден стејт, Адетокумбо блескаше во победа на Милвоки кај Хјустон со 117:111 

 
Голден стејт веќе ја нема силата која го красеше во изминатите години, заминувањето на Кевин Дурент и повредата на Клеј Томпсон беа видливи уште на стартот на сезоната. Тие во првиот меч беа убедливи поразени од ЛА Клиперс.
 
ЛА Клиперс по победата над Лејкерс, дојде и до втор триумф и овој пат против сериозен противник покажувајќи дека оваа сезона ќе бидат сериозни кандидати за висок пласман.
 
Стеф Кари со 23 поени беше најефикасен на мечот, во составот на Клиперс Вилијамс постигна 22 поени, Ленард 21.
 
 
Адетокумбо со трипл-дабл го предводеше Милвоки до триумф на гостувањето кај Хјустон од 117:111. Тој реализираше 30 поени, имаше 13 скокови и 11 асистенции. 
 
Во составот на Хјустон најефикасен беше Вестбрук со 24 поени, Харден реализираше 19.
 
 
Вечерта на гостите ја заокружи Атланта која со 117:100 го совлада Детроит.
 
Резултати:
 
Детроит - Атланта 100:117
Хјустон - Милвоки 111:117
Голден стејт - ЛА Клиперс 122:141

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе