Управниот одбор на КФСМ одлучи

Купот на Македонија во кошарка ќе се вика „Куп Благоја Георгиевски – Буштур“

Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија на денешната седница одлучи да го именува купот по легендарниот Благоја Георгиевски - Буштур кој нодамна загина во сообраќајна несреќа. 

Купот на Македонија го кошарка ќе се вика „Куп Благоја Георгиевски - Буштур“, оваа одлука беше донесена од страна на Управниот одбор на КФСМ.
 
Легендарниот Буштур неодамна го загуби животот во сообраќајна несреќа. Тој остави голем белег во македонската кошарка и заслужува купот да го носи неговото име.
 
На состанокот беше донесена одлука целиот добиен износ од продажбата на влезниците за мечот меѓу Македонија и Естонија да се донира во добротворни цели.
 
Едногласно беше усвоена и завршната сметка на КФСМ за 2019 година. 
 
Фото: КФСМ

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе