АБА лига

Крај на сезоната во АБА лига, МЗТ Скопје ќе остане во вториот ранг

Клубовите од АБА лигата денеска одлучиле да биде ставен крај на сезоната, ќе нема шампион а две екипи од вториот ранг ќе бидат промовирани.

Регионалното кошаркарско натпреварување нема да продолжи, ова е одлучено на денешната видеоконференција на претседателите на клубовите. Се шпекулира дека Партизан, Морнар и Будуќност барале сезоната да заврши на паркетот, но останатите биле против.

На крајот било одлучено да се стави крај на сезоната, да нема шампион и да нема испаѓање. Се шпекулира дека АБА лигата може да се прошири, односно првиот и вториот клуб на табелата од АБА 2 да бидат промовирани.

Ова значи дека МЗТ Скопје ќе остане во вториот ранг и тоа по своја вина. „Штрковите“ наредија пет порази, и паднаа на позицијата број 3 на табелата пред сезоната да биде прекината поради пандемијата на коронавирус.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе