Куп на Македонија

Крафорд го однесе МЗТ Скопје во финале, а таму скопска класика против Работнички

Благодарение на маестралната партија на Џордан Крафорд, МЗТ Скопје со 89:78 го победи тимот на Блокотехна и се пласираше во финалето од Купот на Македонија каде ќе игра против Работнички.

МЗТ Скопје и Блокотехна одиграа интересно полуфинале во кое тимот од Гевгелија имаше предност од десет разлика по првата четвртина, но како одминуваше натпреварот Аеродромци ја подобруваа играта и ја анлуираа негативата.
 
На одморот се замина со предностна МЗТ Скопје од 45:43. Во вториот дел скопскиот тим ја имаше контролата на натпреварот, најмногу благодарение на одличниот Крафорд кој е вистинско освежување за македонскиот шампион. Крајниот резултат гласеше 89:78.
 
Крафорд беше најефикасен на овој дуeл со 32 поени, имаше и четири украдени топки, пет асистенции и четири скока. Бојан Трајковски реализираше 16 поени. Во составот на Блокотехна Мијатовиќ постигна 21 поен, еден помалку имаше Двејн.
 
Во утрешното финале ќе играат вечните ривали, МЗТ Скопје против Работнички.
 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе