Со хеликоптер итно пренесен на клиниките во Белград

Кошаркарот на Црвена звезда, Огњен Кузмиќ во кома по тешка сообраќајна несреќа (ФОТО)

Српскиот репрезентативец и член на Црвена звезда, Огњен Кузмиќ е во индуцирана кома откако заработил повреди на главата и градниот кош во тешка сообраќајна несреќа.

Како што пренесуваат медиумите, тешката сообраќајна незгода се случила во раните утрински часови во близина на Бања Лука кога Огњен Кузмиќ со својот автомобил Порше се судрил со возило БМВ.

Црвена звезда соопшти дека кошаркарот заработил повреди на главата и градниот кош, а медиумите откриваат повеќе детали и пренесувааат дека поради сериозноста на повредите и големите болки, српскиот репрезентативец е во индуцирана кома и со хеликоптер пренесен на клиниките во Белград.

„Кузмиќ во директен судар ги скршил двете вилици, има повреди и на градниот кош и во моментов е во индуцирана кома. Според зборовите на докторот Владе Џајиќ, нема хематом на мозокот, но повредите се доста сериозни и бараат кошаркарот да биде транспортиран во Белград“ – брифираат за медиумите лица од болницата.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе