Кошаркарите го кренаа гласот: Зошто ковид-19 протоколот за нас е поинаков од оној во другите спортови?

Асоцијацијата на кошаркарски играчи во Македонија смета дека кошарката е во неправедна положба во однос на другите спортови кога се во прашање ковид-19 регулативите. 

Кошаркарското првенство се уште не е почнато поради позитивни случаеви на коронавирус во повеќе екипи. За разлика од фудбалот и ракометот, во кошарката доколку еден е позитивен на ковид-19 тогаш и другите одат во изолација. Со таков правилник речиси и невозможно е да се одржи првенството. Па Асоцијацијата на Кошаркарски Играчи излезе со соопштение со кое бара промена на протоколот. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
 
Асоцијацијата на Кошаркарските Играчи бара да се дефинираат здравствените протоколи поврзани со КОВИД-19 пандемијата, а се однесуваат на одржување на спортски натпревари. Сведоци сме на различно толкување на протоколите од страна на различни екипни спортови, а најголеми губитници сме ние Кошаркарските играчи и оние кои го следат и сакаат овој спорт, бидејќи единствено кошаркарското првенство не е започнато.
 
Првенствата за сите други екипни спортови се започнати, а истовремено и заболените со КОВИД-19 се третираат на различен начин отколку што се постапува со нас кошаркарите. Нашето првенство неколкупати се одлага поради позитивни случаи со КОВИД-19, целите тимови (дури и оние кои се негативни и без никакви симптоми) се ставаат во изолација поради еден позитивен случај и поради тоа нема услови за започнување со натпреварување. Додека во другите спортови само позитивните случаи се изолираат и натпреварувањата и тренинзите продолжуваат.
 
Ние како спортисти се залагаме за здрав живот и безбедност за сите и апсолутно ќе го почитуваме сите мерки кои ќе бидат наложени, но истовремено во духот на спортот е да има правичност, неселективност и еднаков пристап кон сите, така што бараме протоколите да бидат исти за нас како и за сите. Сите се обидуваме да се навикнеме на „новата реалност“ и важно е да не дозволиме и оваа сезона да пропадне. За нас спортистите да не тренираме и да не се натпреваруваме има големи последици по нашата физичка подготвеност, врз нашата работа и егзистенција, а може да ни се случи и одлив на младите сили и кадри.
 
Да бидеме безбедни и разумни истовремено и да оствариме и спортски живот со највисоко ниво на безбедност на нашите спортисти!
 
Внимавајте на себе, држете дистанца, спортувајте!
 
Топол спортски поздрав,
 
Асоцијација на Кошаркарски Играчи

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе