ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП

Конечно победа, Македонија го совлада Косово со 87-74

„Црвено-жолтите" остануваат во игра за пласман во квалификациите за Светското првенство откако вечерва со 87-74 славеа над Косово

Македонија ја забележа првата победа во претквалификациите за СП 2019, вечерва пред своите фанови избраниците на Јорданчо Давитков славеа со 87-74 во дуелот со Косово.

„Црвено-жолтите“ лошо го започнаа натпреварот, па противникот беше тој кој ја диктираше играта во прата и втората четвртина и на пауза Косово замина со минимална предност од 40-41.

Но со фуриозна игра во третата четвртина, Македонија се одлепи на +10, предност која потоа умешно ја чуваше за на крај да слави со убедливи 87-74.

За ова голема заслуга има Александар Костовски кој во второто полувреме погоди пет тројки, од кои три кога се кршеше резултатот.

Џордан Теодор беше прв стрелец со 24 поени, а солиден учинок имаше и Војдан Стојановски кој вечерта ја заврши со 14 поени.

Пред Македонија сега е дуелот во Талин во среда, и со триумф над Естонија ќе се пласираме во квалификациите за Светското првенство.

Доколку загубиме, тогаш ќе мора да се надеваме дека Естонија ќе слави и над Косово.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе