ДРАКОНСКА КАЗНА ЗА „СОКОЛИТЕ“

Коментарите на Дедиќ скапо ќе го чинат Карпош Соколи, АБА ги казни со 12.000 евра

Раководството на АБА лигата го казни Карпош Соколи со 12.000 евра поради навредливите зборови кои ги упати првиот човек на клубот, Огнен Дедиќ

АБА лигата направи одредени промени за новата сезоната, само МЗТ Скопје ќе биде дел од најелитното регионално натпреварување, а Карпош Соколи доби покана да учествува во новоформираната втора лига.

На ваквата одлука бурно реагираше претседателот на „Соколите“, Огнен Дедиќ, кој без влакна на јазикот силно распали по првите луѓе на АБА лигата и ги нарече криминалци и „канализациски шлајм“.

АБА лигата експресно одговори, и го казни вицешампионот на Македонија со 12.000 евра.

Раководството на регионалната лига објасни дека со коментарите на Огнен Дедиќ се прави штета врз спонзорите и имиџот на АБА Лигата.

Покрај паричната глоба, Карпош Соколи би можел да добие и забрана за настап од неколку години во натпреварувањата под капа на АБА.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе