МЗТ Скопје пропушти голема шанса да се врати во првата АБА лига

Кочов: Лудо е сега да дадам оставка и да ги оставам играчите!

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов вели дека би било лудо да поднесе оставка по денешниот пораз и дека нема да ги остави кошаркарите пред последниот меч од баражот за враќање во АБА лигата.

По победата во Задар, МЗТ Скопје денеска имаше голема шанса со триумф да се врати во АБА лигата, но не успеа, загуби на свој терен со 78:77. Сега ќе мора повторно да триумфира во Хрватска во мајсторката.

„Честитки за Задар за победата, беа попаметни во второто полувреме и победија, иако немаше да не биде незаслужено и ние да победевме. Беше тоа цврст натпревар, имавме предност, но тоа ништо не значи со екипа како што е Задар. Немавме одговор во второто полувреме на нивната игра со тројца високи играчи. Ни останува да го анализираме натпреварот, да одиме во Задар, ќе дадеме се од себе за да победиме уште еднаш иако ќе биде многу тешко. Жалам што дојде публиката во толку голем број а ние не успеавме да победиме“, вели Кочов.
 
Свирежите по крајот на мечот? Па свирежи имаше и за Задар во Хрватска, па денеска победија. Сега да дадам оставка и да ги оставам играчите? Тоа би било лудило! Има управа, можат да разговараат со управата. Се знае дека на крајот тренерот ќе ја сноси одговорноста. Нема тука некоја филозофија. Дадовме се од себе да влеземе во АБА лига, иако амбициите на клубот на почеток на сезона беа да бидеме во првите четири во АБА 2“.
 
„Сега Задар со сите сили ќе го брани домашниот терен, ние не успеавме да го направиме тоа. Како што Задар не успеа во првиот меч кај нив, така ние не успеавме кај нас. Ние таму бевме друга екипа, тука бевме друга. Во третата четвртина имавме многу ситуации кога требаше да се шутне а не се правеше тоа, дали поради деконцентрација или поради бегање на одговорност, но нема никој да обвинувам. Одговорноста е на тренерот и тоа е тоа“.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе