МЗТ Скопје

Кочов и МЗТ продолжуваат заедно, стратегот и во следните две години ќе ги предводи „Штрковите“

Вицешампионот на Македонија, МЗТ Скопје реши да му укаже доверба на младиот стратег Ѓорѓи Кочов па тој и во следните две сезони ќе биде на кормилото на „Штрковите"

33 годишниот тренер на почетокот од април го наследи Жељко Лукајиќ на жешкото столче на првиот тим на МЗТ Скопје откако претходно работеше како негов прв помошник.

Тој успеа да ги консолидира редовите, но „Штрковите“ загубија од Работнички во битката за титулата.

Управата на клубот сепак реши да му укаже доверба на Ѓорѓи Кочов, па младиот стратег и во следните две години ќе биде на кормилото на тимот од Аеродром.

„Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го реши тренерското прашање за следниот период, откако денеска беше ревидиран и потврден договорот со актуелниот стратег Ѓорѓи Кочов, кој се обврза да седи на клупата на шампионот најмалку во следните две сезони “ – гласеше известувањето на вицешампионот на Македонија.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе