НБА

Коби постхумно е примен во Куќата на славните, емотивен говор на сопругата Ванеса, Џордан ќе заплачеше (ВИДЕО)

Синоќа со многу емоции беше одржата промоцијата на членови на генерацијата 2020 во Куќата на славните која поради пандемијата се одржа осум месеци покасно од предвиденото. 

Меѓу оние кои добија место во Куќата на славните беше Коби Брајант кој на почетокот од минатата година трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.
 
Емотивен говор одржа неговата сопруга, Ванеса Брајант, а Мајкл Џордан едвај се воздржа да не заплаче.
 
„Коби беше на посебно ниво. Никогаш не бараше кратенки за да успее. Даде сè што можеше за овој спорт. Играше повреден, со скршен нос, со скршен прст. Учеше да ја користи само левата рака за да може да игра, додека прстот на десната не заздрави. Дури со скината ахилова тетива шутираше слободни фрлања пред да го напушти теренот. Една од причините што Коби минуваше низ сите овие повреди е бидејќи уште од мал сонувал да биде како неговиот омилен играч, Мајкл Џордан. Никогаш не сакаше да ги разочара своите фанови, особено најмладите, кои доаѓаа во сала за да го гледаат како игра. Еднаш ми кажа дека ако веќе се обложуваш на некого, обложи се на себе. Мило ми е што ти Коби, се обложи на себе, бидејќи конечно успеа. Сега си во Куќата на славните, вистински шампион, не само МВП, туку еден од најдобрите на сите времиња. Горда сум на тебе и те сакам, Коби 'Бин“ Брајант'“, рече Ванеса Брајант.
 
 
Покрај Коби Брајант, место во Куќата на славните синоќа добија и кошаркарите Кевин Гарнет и Тим Данкан, тренерот Руди Томјанович, колеџ тренерот Еди Сатон, тренерите на женските колеџ екипи Ким Малки и Барбара Стивенс, кошаркарката Тамика Качинс и поранешниот генерален секретар на ФИБА, Патрик Бауман.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе