НБА

Кливленд прокоцка предност од 22 поени за трет пораз во низа (ВИДЕО)

Кризата на „Коњаницата" е продлабочена откако вицешампионот утрово прокоцка предност од 22 поени на гостувањето кај Индијана и загуби со 97-95 за трет пораз во низа

За разлика од последните два загубени натпревари кога Кливленд имаше голема негатива на полувремето, „Кавс“ одлично го започнаа мечот против Индијана.

Со серија од 0-22 брзо се одлепија, првата четвртина ја добија со 12-34, а и на полувреме имаа солидна предност од 44-58.

Но домаќините се вратија во игра со серија од 11-0 кон финишот на третата четвртина, па натперварот влезе во интересена завршница во која Леброн Џејмс имаше прилика во последните пет секунди да донесе победа. Но „Кралот“ со неколку милиметри од патиката нагазна надвор од теренот, судиите со прегледување на повторените снимки го потврдија тоа, па Индијана се радуваше на победа од 97-95.

Џејмс со 27 поени, 11 асистенции и 8 скокови беше прв играч на Кливленд, а Кевин Лав постигна 21 поен. Во редовите на Индијана, Колисон беше најдобар поединец со 22 поени.

НБА резултати:

Шарлот - Јута 99:88
Индијана - Кливленд 97:95
Вашингтон - Орландо 125:119
Атланта - Бруклин 105:110
Милвоки - Голден Стејт 94:108
Минесота - Њујорк 118:10
Њу Орлеанс - Портланд 119:113
Денвер - Мемфис 87:78
Феникс - Хјустон 95:112

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе