НБА

Кливленд ја забележа 10. победа во низа, Ирвинг ја „реши“ Филаделфија (ВИДЕО)

Леброн Џејмс со дабл-дабл учинок го предводеше Кливленд до победа од 114-121 на гостувањето кај Атланта, Кајри Ирвинг со 36 поени ја „реши" Филаделфија за нов триумф на Бостон

По проблематичниот старт во сезоната, „Коњаницата“ влезе во ритам и утрово ја забележа 10. победа во низа.

Нова жртва на Кливленд беше Атланта, вицешампионот славше на гости со 114-121.

На крилјата на Шредер, домаќините на полувреме имаа предност од +4, но во продолжението од средбата, Леброн одлично одработи против Германецот во дефанзива, а „Кралот“ Џејмс беше и на ниво во нападот, па Кливленд си замина со победа.

Леброн вечерта ја заврши со 24 поени и 12 асистенции за дабл-дабл учинок, а голема помош имаше и од Кевин Лав, кој забележа 25 поени и 16 скока.

Во ТД Гарден, Бостон без многу проблеми славеше на Филаделфија со 108-97.

Домаќините го имаа расположениот Ирвинг кој реализираше 36 поени и не му дозволи на противникот да се понадева на изненадување.

НБА резултати:

Атланта - Кливленд 114:121
Бостон - Филаделфија 108:97
Денвер - Чикаго 111:110
Портланд - Милвоки 91:103
ЛА Клиперс - Јута 107:126

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе