Бостон на свој терен одлично го почна мечот против Клиперс, на два пати во вториот период имаа водство и од 28 разлика но на крајот се случи неверојатен пресврт и на победа се радуваа гостите од Лос Анџелес. Една од причините за поразот е и повредата на Кајри Ирвинг кој пред време го заврши натпреварот.
Харел со 21 поен беше најефикасен во составот на Клиперс, Хајвард постигна 19 коша за екипата на Бостон.
Слично беше и на мечот меѓу Хјустон и Оклахома каде домаќините имаа водство од 26 рзлика и го прокоцкаа. Пол Џорџ и Расел Вестбрук беа расположени за игра.
Расел Вестбрук забележа нов трипл-дабал, деветти во серија и го изедначи рекордот на Вилт Чембрлејн, постигна 21 поен, имаше 12 скока и 11 асистенции.
Најдобар беше Пол Џорџ со 45 поени, имаше и 11 скока. Во составот на Хјустон уште една блескава партија имаше Џејмс Харден со 42 поени. Тоа беше 29. меч по ред на кој постигнува повеќе од 30 поени.
Резултати:
Јута - Сан Антонио 125:105
Индијана - Кливленд 105:90
Атланта - Шарлот 120:129
Њујорк - Торонто 99:104
Бостон - ЛА Клиперс 112:123
Чикаго - Вашингтон 125:134
Мемфис - Њу Орлеанс 99:90
Хјустон - Оклахома 112:117
Милвоки - Орландо 83:103