НБА

Клиперс ќе играат во финалето на западот, Филаделфија се избори за мајсторка со Атланта (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс со 131-119 ја совладаа Јута и се изборија за финале во западната конференција каде ќе играат против Феникс, Филаделфија со 104-99 ја асовлада Атланта и се избори за мајсторка на свој терен. 

Лос Анџелес Клиперс за првпат во својата историја ќе играат во финале на западот, со 4-2 ја добија серијата со Јута, а синоќа го зададоа завршниот удар.
 
На почетокот од третата четвртина Јута имаше предност од фантастични 25 поени, но следуваше фуриозен втор дел на Лос Анџелес Клиперс по што на крајот го добија мечот со убедливи 131-119.
 
Теренс Мен имаше луда партија, постигна 39 поени и беше најефикасен кај Клиперс, Пол Џорџ реализираше 28 поени, кај Јута Мичел постигна 39.
 
Во финалето на западот Клиперс ќе играат со Феникс кој со 4-0 беше подобар од Денвер.
 
 
Филаделфија се избори за мајсторка откако ја совлада Атланта на нејзин терен со 104-99.
 
Сет Кари и Харис постигнаа по 24 поени, Ембид имаше 22 поени и 13 скокови. Во составот на Атланта Јанг беше брилијантен со 34 поени и 12 асистенции, но немаше голема поддршка од другите.
 
 
Резултати:
 
Атланта - Филаделфија 99:104 (3-3)
ЛА Клиперс - Јута 131:119 (4-2)

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе