Реткост

Клинт Капела направи трипл-дабл со блокади (ВИДЕО)

Играчот на Атланта, Клинт Капела дојде до трипл-дабл учинок а една од двоцифрените категории му беа блокадите, тоа последен пат се случило во 2018 година. 

Атланта со 116:98 победи на гостувањето кај Минесота, а највпечатливиот настап го имаше Клинт Капела кој направи трипл-дабл со блокади. Постигна 13 поени, имаше 19 скокови и 10 блокади.
Убедливо најефикасен на теренот беше Јанг со 43 поени. Во составот на Минесота, Бисли реализираше 17 поени.
 
Лука Дончиќ со нова извонредна партија го предводеше Далас до победа на гостувањето кај Сан Антонио од 122:117. Словенецот постигна 36 поени, имаше девет скокови и девет асистенции. Во составот на домаќините ДеРоузан постигна 29 поени, Алдриџ 26.
 
 
Најдобар во својот тим беше и Никола Јокиќ кој со 31 поен, десет скокови и осум асистенции го предводеше Денвер до гостинска победа кај Феникс од 130:126 во меч во кој имаше и едно продолжение. Кај Феникс Букер реализираше 31 поен.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Чикаго 110:123
Детроит - Хјустон 102:103
Индијана - Орландо 120:118
Кливленд - Бруклин 125:113
Филаделфија - Бостон 122:110
Торонто - Мајами 101:81
Минесота - Атланта 98:116
Сан Антонио - Далас 117:122
ЛА Клиперс - Оклахома 120:106
Феникс - Денвер 126:130
Сакраменто - Њујорк 103:94

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе