Куп на Македонија

КК Гостивар бара одложување на купот поради големата трагедија

Кошаркарскиот клуб Гостивар денеска побара Македонската кошаркарска федерација да ја одложи завршницата од националниот куп предвидена да се игра од утре до недела во Гевгелија.

Од денеска до недела во Гевгелија треба да се игра кошаркарскиот куп на Македонија, учесник е и КК Гостивар кој од МКФ побара одложување поради големата трагедија која се случи синоќа во која животот го загубија 14 лица.

„Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот, стои во соопштението на КК Гостивар, објавено на клупскиот фејсбук-профил.
 
Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски. Ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов, стои во информацијата на КК Гостивар. 

 

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе