„Воините“ стигнаа до драматична победа од 105-106

Ќе гледаме натпревар број 6, тројките на Кари и Томпсон го замолкнаа Торонто (ВИДЕО)

Голден Стејт преживеа, актуелниот шампион покажа дека нема лесно да го предаде тронот и утрово забележа минимална победа од 105-106 на гостувањето кај Торонто.

Ќе гледаме натпревар број 6 во финалето од НБА, серијата се враќа во „Оракл“ арена откако утрово Голден Стејт во драматична завршница стигна до минимална победа на гостувањето во Канада.

Тројките на Кари и Томпсон го замолкнаа Торонто и го оставија во живот актуелниот шампион. Кевин Дурант се врати, забележа 11 поени за 10 минути, но брзо заработи нова повреда и тоа сериозна.

„Воините“ водеа во најголемиот дел од мечот, но „репторс“ не се предадоа и со одлична тимска игра ја анулираа негативата. Потоа се разбуди и Кави Ленард, кој со серија од десет поени донесе преднсот од 103-97 на нешто помалку од 180 секунди до крајот.

Сепак, во финишот на сцена стапија Кари и Томпсон, кои три пати погодија од далечина за 103-106. Неколку грешки на гостите во финишот му дадоа шанса на Торонто да стигне до титулата, но Лаури го промаши шутот за победа и трофеј со звукот на сирената, па конечниот резултат гласеше 105-106.

Кари беше прв стрелец на мечот со 31 поен а Томпсон постигна 26 поени. Во редовите на Торонто, Ленард беше најдобар поединец со 26 поени и 12 скокови.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе