Иновативен пристап на тренерот

Кер им дозволи на играчите да се договараат како ќе играат, Голден Стејт го „прегази“ Феникс со 46 разлика (ВИДЕО)

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер секогаш бил иновативен па реши да им дозволи на своите играчи сами да се договараат како ќе играат, „Воините" одговорија со победа од 129-83 над Феникс

Очигледно Голден Стејт е толку добар што може да игра и без тренер. Стив Кер реши дел од неговите обврски да им ги препушти на своите игрчи, кои на овој предизвик одговорија со одлична игра и го „прегазија“ Феникс со 46 разлика.

Андре Игудала бил задолжен за утринскиот тренинг, а ЏаВејл Мекги ги преводел видео сесиите. Игудала, Дрејмонд Грин, Стиф Кари и Дејвид Вест беа задолжени за тајм-аутите и нападите и акциите кои требаше да се реализираат на теренот.

За својот необичен потег, Стив Кер рече: „Не сакав да покажам непочитување кон противникот, едноставно чувствував дека во последниов месец не допирам до моите играчи. Преку глава им е од мојот глас, а и на мене ми е преку глава од мојот глас! Па ова беше добра вечер да извадиме некој нов трик од шапката”.

„Исто така, ова е тим на играчите. Како тренери, нашата работа е да ги турнеме во одреден правец, да ги водиме, а не да ги контролираме. Тие одлучуваат за сопствената судбина. Мислам дека изминатиов месец дена не бевме доволно фокусирани, па ми се чини дека ова што го направив е исправен потег”.


Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе