НБА

Кемба Вокер се сели во Бостон, ќе добие 141 милион долари за четири години!

Кемба Вокер од Шарлот се сели во Бостон Селтик каде ќе потпише максимален договор вреден 141 милион евра за четири години.

Вокер го известил Шарлот дека има намера да потпише за Бостон Селтикс од 6 јули кога ќе почнат трансферите во НБА.
 
Тој е слободен агент и добил понуда со максимален договор од Бостон.
 
Шарлот може да му понуди и повеќе, сумермакс договор вреден 221 милион долари за пет години, но тоа не го направиле.
 
На почетокот од месецот, Вокер рекол дека ќе прифати помалку од сумата за супермакс договор за да му помогне на Шарлот да создаде поконкурентен ростер со пренасочување на парите за други играчи. Но информациите велат дека понудата на Шарлот не изнесувала ниту 170 милиони долари за пет години. Вокер се предомислил и сега неговата цел е да потпише за Бостон.
 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе