НБА

Катастрофална последна четвртина на Торонто, Милвоки поведе со 1-0 (ВИДЕО)

Милвоки го доби првиот дуел од финалната серија на Истокот откако на свој терен го победи Торонто со 108:100 благодарение на одличната игра во последниот период.

Торонто одлично влезе во натпреварот и водеше во најголемиот негов дел, играше одлично се до влезот во последната четвртина кога како да се укочија. Последниот период Милвоки го доби со 32:17, направи комплетен пресврт и победи со 108:100.
 
Изненадувачки добра партија во составот на Милвоки имаше Лопез кој постигна 29 поени и имаше 11 скока. Главната ѕвезда на тимот Адетокумбо имаше 24 поени и 11 скока.
 
Во составот на Торонто Ленард постигна 31 поени, имаше и девет скока, Лаури даде 30 поени.
 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе