Комплетиран регуларниот дел

Карпош Соколи го победија МЗТ Скопје, Куманово ќе игра четвртфинале

Карпош Соколи ја прекинаа низата од пет последовни порази од МЗТ Скопје откако вечерва во „Јане Сандански" го совладаа првакот со 68:83.

Со оваа победа Соколите се позиционираа на второто место на табелата по комплетирањето на регуларниот дел од сезоната што им донесе пласман во полуфиналето од плејофот.

Најголем губитник од елипогот во „Јане Сандански“ е Куманово кој сега ќе мора да игра во четвртфиналето против Работнички. Поради повеќето победи во меѓусебните пресметки Куманово е домаќин на првата средбата од серијата до три победи а во неа кумановци влегуваат со предност од 1:0.

Во второто полуфинале ќе играат Фени Индустри и Кожув. Тука предноста од 1:0 и домашниот паркет го има Фени.

Четвртфиналната серија во нашата најсилна кошаркарска лига започнува во вторник.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе