НБА ол-стар

Кари победи во тројки, натпреварот во забивање подобро е да се заборави (ВИДЕО)

Стеф Кари победи во натпреварот за шутирање на тројки на ол-старот, а на натпреварот во забивање кој беше оценет како најлош досега, победи Енферни Симонс. 

Стеф Кари во конкуренција на Џејлен Браун, Џејсон Тејтум, Мајк Коноли, Зак Лавин и Донован Мичел беше најдобар.
 
На крајот се решаваше меѓу Кари и Коноли кој настапи на местото од повредениот Букер. Ѕвездата на Голден стејт успеа да победи и да го освои овој трофеј.
 
 
Според многумина, натпреварот во забивање беше најлошиот досега, а на него победи Енферни Симонс од Портланд. Се натпреваруваа Касиус Стенли од Индијана и Оби Топин од Њујорк.
 
 
Далеку поинтересно беше во натпреварот за вештини. Победи Сабонис кој во финалето го совлада Вучевиќ. Се натпреваруваа уште Роберт Ковингтон, Лука Дончиќ, Ккрис Пол и Џулиус Рендл.
 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе