НБА

Кари го предводеше Голден стејт до победа во Кливленд, пораз за Јокиќ и Денвер (ВИДЕО)

Голден стејт со брилијантна последна четвртина го победи Кливленд на негов терен со 104:89, Денвер како домаќин беше поразен од Филаделфија со 103:89. 

Кливленд имаше предност се до последната четвртина кога им се случи неверојатен пад во играта. За 12 минути постигнаа само 8 поени, а примија дури 36 и му овозможија победа на Голден стејт.
 
Стеф Кари реализираше 40 поени, најефикасен кај Кливленд беше Герланд со 25 поени, Лав постигна 17.
 
 
Јокиќ беше најдобар на теренот, но тоа не му помогна на Денвер да ја победи Филаделфија, загуби на свој терен со 89-103.
 
Јокиќ постигна 30 поени, имаше и 10 скокови. Најдобар кај Филаделфија беше Максеј со 22 поени, Сет Кари постигна 20.
 
 
Резултати: 
 
Кливленд - Голден стејт 89:104
Мајами - Вашингтон 112:97
Мемфис - ЛА Клиперс 120:108
Минесота - Сан Антонио 115:90
Денвер - Филаделфија 89:103
Јута - Торонто 119:103

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе