Отркиен моментот кога Коби ја стекнал почитта на Шек

Како да насмееш илјадници луѓе на комеморација: Шек и неговата урнебесна анегдота со Коби (ВИДЕО)

Шекил О'Нил беше еден од пријателите на Коби Брајант кои одржаа говор на комеморацијата во Стејплс центар, поранешниот центар на ЛА Лејкерс добро ги насмеа сите во салата со една урнебесна анегдота.

Во Стејплс Центар синоќа се собраа 20.000 луѓе за комеморацијата на Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи. Во салата каде царуваше со баскетот, беше неговото семејство, пријателите, обожавателите и многу познати личности.

Имаше многу емоции, многу приказни беа раскажани за каков кошаркар, човек, пријател, сопруг, татко бил Коби Брајант.  Беа кажани и неколку анегдоти, а прилично урнебесна беше случката која ја раскажа Шекил О’Нил, кој добро ги насмеа сите присутни.

„На денот кога Коби ја стекна мојата почит, момците се жалеа, ми рекоа: „Шек, Коби не подава топка“. Јас реков: „Ќе разговарам со него“. Му реков, „Коби, во тим нема 'I' (јас)“. Тој рече: „Знам, ама има едно 'М-Е' (мене) во тој мајчин...“. Така, се вратив и им реков на Рик и на Биг Шот Боб, им кажав: „Ако фатите топка со скок, добро, инаку не добивате топка од него“ – раскажа популарниот Шек.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе