Нов одличен настап на талентираната генерација

Кадетите со сребро се враќаат од Романија, Андреј Митревски во идеалната петорка

Кадетските кошаркарски селекции на Македонија настапија на меѓународниот турнир во Романија „Балкан Некст Стар“, машката репрезентација го освои второто место, девојките беа четврти, Андреј Митревски се најде во најдобрата петорка.

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години која важи за една од најталентираните генерации кои сме ги имале, имаше одличен настап на турнирот во Романија.
 
Избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ одиграа четири натпревари, славеа победи над врсниците од Унгарија, Црна Гора и Бугарија, беа поразени само од домашната селекција на Романија.
 
Посебно се истакна Андреј Митревски кој се најде во идеалната петорка на турнирот.
 
 
Резултати:
 
Македонија - Романија 67:72
Македонија - Црна Гора 73:60
Македонија - Унгарија 64:53
Македонија - Бугарија 65:63
 
Кадетите во наредниот период ќе настапат на уште неколку турнири кои се дел од подготовките за настапот на Европското првенство А дивизија во август во Удине, Италија.
 
Оваа селекција е една од најталентираните наши младински репрезентации, таа е само втората кадетска која ќе учествува на континентален собир од А дивизија. На Европското првенство кое ќе се одржи од 9. до 17. август во Удине, Македонија е во група со Шпанија, Израел и Летонија.
 
На турнирот „Балкан Некст Стар“ во Романија настапи и женската кадетска репрезентација на Македонија која го освои четвртото место.
 

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе