Како дел од подготовките за ЕП во Удине

Кадетите ќе играат на пријателски турнир во Скопје против Израел, Полска и Чешка

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација се подготвува за настап на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое ќе се одржи во Удине, Италија. 

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години повеќе од еден месец веќе се подготвува за настап на континенталнит собир во Удине.
 
Селекторот Денис Дервишевиќ ќе може да ја види моменталната форма на неговите кошаркари на престојниот турнир кој почнува од утре а каде покрај нашата ќе настапат и селекциите на Полска, Чешка и Израел.
 
Ден по одигрувањето на турнирот, кадетите заминуваат на финални подготовки во Маврово, а на седми август тргнуваат за Удине каде ќе настапат на Европското првенство за кошаркари до 16 години.
 
Распоред на натпревари
 
26.07.2019
17:00h Полска – Чешка
19:00h Македонија – Израел
 
27.07.2019
17:00h Чешка - Израел
19:00h Полска – Македонија
 
28.07.2019
10:30h Чешка – Македонија
19:00h Израел – Полска

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе