НБА

Јута нареди 10 победи, Јанис за 21 минута постигна 37 поени, Дончиќ и Далас пресилни за Голден Стејт (ВИДЕО)

Јута продолжува со одличните партии, „џезерите" утрово славеа на гостувањето кај Бруклин за 10. победа во низа, Јанис со 37 поени за 21 минута го предводеше Милвоки до триумф над Њујорк, Дончиќ и Далас беа пресилни за Голден Стејт.

Јута повторно е на втората позиција на Западот, утрово „џезерите“ без многу проблеми славеа на гостувањето кај Бруклин со 107-118. За Јута ова беше 10. победа во низа, односно 15. победа на последните 16 меча.

На Бруклин не му помогна ниту Кајри Ирвинг, кој имаше дабл-дабл учинок од 32 поени и 11 асистенции. „Нетс“ беа рамноправни само до половината на втората четвртина, Јута на пауза замина со двоцифрена предност а во третиот период гостите имаа и +20.

Милвоки со 128-102 триумфираше над Њујорк, Гркот Јанис реализираше дури 37 поени и покрај тоа што на паркетот помина нешто над 21 минута

Дончиќ и Далас беа пресилни за Голден Стејт и победија на гостувањето во Сан Франциско со убедливи 97-124. Словенецот мечот го заврши со 20 поени и 8 асистенции и одново беше прв играч на „маверикс“.

НБА резултати:

Аталанта - Феникс 123:110
Бруклин - Јута 107:118
Мемфис - Хјустон 121:110
Милвоки - Њујорк 128:102
Голден Стејт - Далас 97:124
ЛА Клиперс - Кливленд 128:103

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе