НБА

Јута ја победи Оклахома, одлична партија на Богдановиќ (ВИДЕО)

Хрватскиот кошаркар, Бојан Богдановиќ беше најдобар во побоедата на Јута над Оклахома од 106-96. 

Јута не блеска како во воведниот дел од сезоната, но победува и го држи првото место во западната конкуренција. Синоќа не го почнаа најдобро мечот против Оклахома, по првата четвртина губеа со девет поени разлика, но во продолжението од мечот заиграа многу подобро и дојдоа до заслужена победа.
 
Бојан Богдановиќ беше најдобар во составот на Јута, постигна 23 поени, имаше и седум скокови, Мичел реализираше 22, а интересно дури тројца нивни соиграчи имаа дабл-дабл учинок, Нианг со 18 поени и 10 скокови, Конли со 15 поени и 14 асистенции, како и Гобер со 13 поени и 14 скокови. Кај Оклахома фантастична партија имаше Дорт со 42 поени, но тие не беа доволни да се избегне поразот.
 
 
Резултати:
 
Индијана - ЛА Клиперс 115:126
Торонто - Атланта 103:108
Шарлот - ЛА Лејкерс 93:101
Јута - Оклахома 106:96
Феникс - Мајами 106:86
Портланд - Бостон 115:116
 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе